Патот до ЕУРО 2024 започнува од Разград, Македонија и гостува на Бугарија со фаворитска улога
Ден за фудбал, ден посветен на македонската фудбалска репрезентација, околу 200 навивачи од Македонија ќе бидат на арената во Разград, остнатите пред ТВ, ќе следат пренос на Аренаспорт Премиум 2 од 18 часот.
Македонија против Бугарија на гости ја започнува новата сезона во Лигата на нации, четири меча во јуни, набиен калндар по завршувањето на сезоната на клупски план за репрезентативците, но ние сме подготвени за спортската пресметка со соседот.
Ова е натпреварот од Групата 4 во лигата Ц , противници ни се уште Гибралтар и Грузија.
Македонија е фаворит во оваа конкуренција за првото место, не бегаме од тоа вели селекторот Благоја Милевски, иако во денешниот фудбал фаворити никој не признава.
„За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена, а единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. Баражите одамна се зад нас, секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери. Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот. Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме“, рече Милевски на прес конференцијата.
Во Разград не владее некоја посебна фудбалска атмосфера, иако се очекува вечерва арената да биде исполнета во целост, капацитетот е 10.000 седишта.
Во малото градче со околу 50.000 жители има една фан зона, ќе има сериозно обезбедување, со оглед на политичките превирања на релација Бугарија-Македонија, затоа и средбата не се игра во Софија.
Судијата на мечот е од Франција, Жереми Пињар ќе биде главен судија, а ќе му помагаат, Аурелиен Друе и Лоран Кониљо, четврти судија е Микаел Лесаж.
Македонија и Бугарија никогаш не играле официјален меч, досега седум пријателски на кои меѓусебните дуели резултатски изгледаат вака:
Среќно момци, очекуваме победа вечерва во Разград.