Пејачката (30) која го воодушеви жирито и светот објави дека се влошила состојбата со болеста

Натпреварувачката на „Американски суперталент“ Јане Марчевски истакна дека нејзината состојба се влошила и дека борбата против ракот бара целосно внимание и енергија.

Натпреварувачката на „Американски суперталент“ Јане Марчевски (30), која на јавноста и се претстави како „Nightbirde“, на својот профил на Инстаграм објави дека се повлекува од натпреварот поради здравствени причини. Таа посочи дека нејзината состојба се влошила и дека борбата против ракот бара целосно внимание и енергија. Таа додаде дека и е жал, но и дека и е драго за прекрасното искуство што го доживеала. Таа го заврши својот пост со тоа што им се заблагодари на сите и напиша дека се‘ уште има соништа.


На Инстаграм ја поддржаа и членовите на жирито Хајди Клум и Софија Вергара. „Ќе ни недостига твојата енергија, страст и прекрасен глас во настапи во живо“, напиша Клум, додавајќи дека навиваат за неа, а слична порака и испратила и Вергара. Инаку, Марчевски отиде директно во полуфиналето на аудицијата бидејќи членот на жирито Сајмон Кауел и подари златен билет за изведба на авторската песна „It's OK“. По настапот, натпреварувачката објасни дека има рак кој се проширил на 'рбетот, белите дробови и црниот дроб и дека има само 2 проценти шанси да преживее. Таа додаде дека песната што ја изведе е опис на последната година од нејзиниот живот и дека сака да им каже на сите дека е многу повеќе од работите што и се случуваат.


Фото: Инстаграм/Youtube/screenshoot