Пеко го проголтал питон долг седум метри: Глетката е застрашувачка, мештаните ја распариле огромната змија да го извадат телото! (ФОТО)

Страшни снимки објавени на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции ширум светот. 

На нив се гледа моментот кога Пеко, индонезиски фармер, бил изваден од стомакот на повеќе од седум метри долг питон, кој го угушил и го проголтал.

Пеко, 30-годишен татко на три деца, заминал на плантажа со палми за да собере сок за производство на кафеав шеќер, кога огромната змија го нападнала во регионот Северен Луву веднаш по зајдисонце во вторникот. 

Џиновскиот питон го угушил Пеко така што се обвиткал околу неговото тело и го смачкал до смрт. Потоа ја ишчашил својата силна вилица за да го проголта мажот висок 160 сантиметри.

Загрижен роднина, тргнал да го бара Пеко бидејќи не се вратил дома во населбата Мамеа во селото Малимбу, општина Сабанг. Роднината наишол на змија со голем стомак и веднаш го известил селото.

Мештаните брзо пристигнале, го фатиле питонот кој веќе варел и потоа го пресекле. Снимале како го распаруваат влекачот и го вадат телото на несреќниот фармер, целосно прекриено со слуз.

„Често се шегувавме дека ноќе би можела змија да нè изеде. Сите сме свесни за таа опасност. Не можам да објаснам како мојот брат заврши вака. Беше многу искусен“, рекол Ваван.


Полицијата потврди дека фармерот бил убиен од питон и ја известила неговата сопруга Деви и нивните три деца за несреќата.


Извор: Еспресо