Пеколот наречен стајлинг на српските политичари (ФОТО)

Помина времето на тврдоглави и здодевни политички фигури. Можеме да најдеме разни замерки за нив, можеме да се согласиме со нивните идеологии, постапки и изјави, но не можеме да го негираме тоа - какви што се: паметни, груби, арогантни, некои велат малку луди - тие се беспрекорно поинтересни, и за нас новинарите претставуваат неисцрпен извор на инспирација. Нивните стилисти се најчесто, како нив, груби и опуштени.

Вистински пример за тоа е неодамнешниот „тренерка стил“ на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој испрати порака од неговиот профил на Инстаграм облечен во дуксер, или горен дел од тренерка, како и да го викате. Вучиќ во видеото зборува за вакцини, за успешна Србија, никогаш посилна држава и што уште не, но се чини дека неговата модна комбинација привлече најголемо внимание.

А, некои се пошегуваа дека Вучиќ од деведесеттите години личи на Милошевиќ.



И српската премиерка, Ана Брнабиќ - исто така, имаше свои интересни перформанси во облеката.

Таа беше меѓу првите што ја примија вакцината против коронавирус, Ана тогаш носеше  маица на која пишува „Just do it“, и испрати суптилна порака до граѓаните - само вакцинирајте се.



Кралот на необичните стилови, некогаш најголемото момче на српската политичка сцена, секако е лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ.

Човекот е убав, „набилдан“ и, како што се залага во својата политика, не се придржува кон обликуваните принципи и не игра на сигурно. Неговиот најдобар стајлинг, можеби, е оној во кој нема стајлинг, односно оној каде што е без маица.


Не треба да се заборави легендарната фотографија на Борис Тадиќ, кој тогаш беше вакциниран против новиот грип, во 2009 година, на неговото работно место.

Во сива маица на трегери, Тадиќ предизвика прилично груби мисли кај голем дел од женската, но и кај машката популација.


Извор: nova.rs

Фото: Инстаграм/anabrnabic/ Youtube/printscreen/ Твитер

Видео: Youtube/ Srbija Necenzurisano

Можеби ќе ве интересира:

Ако во едно нешто е во предност, тоа е со стилот: Заев се облекува подобро од Борисов и Ципрас