Перигејска СУПЕР месечина се појавува за последен пат: Што вели ХОРОСКОПОТ?
Супер-месечината оваа година ќе се појави во полн сјај и величественост за последен пат на 7 мај.
Официјално именувана како Перигејска месечина, ќе помине покрај земјава во четврток на растојание од 360.000 километри.
Супер месецот во мај е познат и како „цветната месечина“, затоа што се совпаѓа со пролетното цветање во северната хемисфера, пренесува „Индипендент“.
Претходната супер месечина над земјата беше во април годинава кога дури и без телескоп или двогледи беше можно да се видат кратери, сливови и други карактеристики.
А, токму оваа месечина има најсилно влијание врз хорскопските знаци и тоа за цела година. Нема да бидете свесни какви промени може да донесе. Повеќе се позитивни, но нема за сите знаци да биде така. Едно е сигурно. На оваа полна месечина се започнуваат работи. И не само тоа. И финансиска добивка, ама се‘ ќе зависи од вашиот подзнак и вашата енегетска сила.
ОВЕН
СРЕЌЕН ДЕН: ЧЕТВРТОК Ќе имате чувство дека сте изневерени во секој поглед. Преиспитајте се себе си зошто тоа е така? Веројатно, по подолго трагање, одговорот ќе го најдете во вашиот непрекинат апетит за работа која ако не ја оставите барем за момент може многу да ви наштети во вашиот емотивен живот. А, полната месечина може да го засили тоа.
БИК
СРЕЌЕН ДЕН: ВТОРНИК Мислите ви шетаат на многу страни. Никако да најдете соодветно решение за дел од вашите проблеми. Можеби не треба да гледате толку далеку! Решението е многу блиску- некаде помеѓу оние што секојдневно ве опкружуваат. Направете добра проценка кој би можел да биде? Нема да ви биде лесно, но вреди да се обидете. Оваа полна месечина ве очекува чудна средба.
БЛИЗНАЦИ
СРЕЌЕН ДЕН: НЕДЕЛА По бурниот период следува уште по бурен! Подобро би било да се преиспитате себе си каде одите, што правите, со кого? И вам ви треба одмор. Обидете се да не се нервирате. Ако направите добри проценки, можно е да успеете да излезете од напнатоста... Полната месечина ќе ви вилијае во полето на финансиите. Нема да зажалите.
РАК
СРЕЌЕН ДЕН: СРЕДА Ако изминатиот период ве потиснуваа проблеми и несвојствени ситуации за вас, деновите што следуваат ќе ви бидат исполнети со многу љубов. На пат сте да запознаете една личност која ненадејно ќе се појави во вашиот живот. Бидете претпазливи во вашите проценки и намери. Усогласете ги вашите ставови и само напред! Полната месечина кај вас ќе влијае неверојано позитивно.
ЛАВ
СРЕЌЕН ДЕН: ПОНЕДЕЛНИК Ве мачат некои нерешени работи од минатото. Потребен ви е оптимизам. Се прашувате каде да го најдете? Па во сите убави работи околу себе кои не ги ни приметувате, а се од суштинско значење за вашето расположение. Направите баланс помеѓу хармонијата и животот. Оваа полна месечина ќе ви подари спокој кој сте го изгубиле одамна.
ДЕВИЦА
СРЕЌЕН ДЕН: САБОТА Ви претстои убав период. Ќе имате можност да ги реализирате вашите планови и замислени идеи. Ќе добиете помош на професионален план одличност од која најмалку го очекувате тоа. Ќе зајакнете во финансиска смисла. Љубовта нема да ве одмине и ќе уживате во неа и тоа во секој миг! Сето ова, полната месечина ќе ви го дуплира.
ВАГА
СРЕЌЕН ДЕН: ПЕТОК Уживате во вашето спокојството! На работното место се случуваат некои големи турболенции, исто така е и во љубовта, а длабоко во вас ви е неописливо мирно. Но, потрудете се да ги усогласите работите и да размислите за нивната вистинска суштина. Можеби од вас зависи поставеноста на нештата кои ви се случуваат, а вие сте сепак мирни... Полната месечина ќе предизвика бура во вас. Внимавајте да не претерате со изливи на невоза.
ШКОРПИЈА
СРЕЌЕН ДЕН: ВТОРНИК Во постојана борба со животот вие секогаш излегувате како победници! Имате невиден оптимизам, силна желба и волја за совладување на препреките. Тоа секако дека е добро. Но, некогаш обидете се да не си го комплицирате премногу животот сами и пуштете ги работите да си течат по својот замислен тек, а не вие како што сакате. Сепак, полната месечина ќе изврши огромно влијание на вашиот живот, посебно во делот на финасиите.
СТРЕЛЕЦ
СРЕЌЕН ДЕН: САБОТА Бидете искрени кон луѓето кои се фер со вас. Сте заборавиле дека искреноста е еден од најбитните сегменти во живот. Затоа направете реални проценки и кажете ја вистината во вистински момент на оној накому му е најмногу потребна. На работното поле се тече како што треба. Вашите идеи и планови се со радост прифатени. Оваа полна месечина ќе влијае позитвно во делот на емоциите.
ЈАРЕЦ
СРЕЌЕН ДЕН: СРЕДА Имате вишок на емоции. Во постојана потрага по романтика, конечно ќе наидете на романтична личност. Уверете се дали таа ќе биде тоа што навистина го посакувате. Периодот што следи ве очекува зголемена креативна активност и можност за реализирање на повеќе полиња. Дружете се повеќе и стекнувајте нови контакти. Токму полната месечина ќе помогне за добар баланс помеѓу парите, здравјето и добрите контакти.
ВОДОЛИЈА
СРЕЌЕН ДЕН: ПОНЕДЕЛНИК Периодот што следи ќе биде исполнет со многу убави нешта кои ќе ви донесат голема радост. Од вас се бара добро да знаете да ги процените работите во кои се впуштате и да направите стратегија за сето она што сакате да го постигнете. Успехот ќе ви биде загарантиран, но преку љубовта на личност која ве сака. Оваа полна месечина ќе ви овозможи неверојатна среќа која нема да се реализира ако и понатаму сте непромислени.
РИБИ
СРЕЌЕН ДЕН: САБОТА Имавте многу тешки финансиски проблеми. Можеби треба да размислите малку за вашата иднина! Неконтролирано трошење секако дека не се вклопува во успешна иднина! Затоа треба да внимавате каде и зашто ги давате парите. Направете долгорочна стратегија на вашите финансии и раководете се по неа. Ама, оваа полна месечина нуди можност за финасиска заработка, но тоа ќе зависи од вашата упорност.