Пет работи кои не сте ги знаеле за Швеѓаните

Иако тврдат дека се најнормалните луѓе на светот, Швеѓаните всушност значително се разликуваат од остатокот од светот. Кога за време на првиот бран корона не се криеја зад маски, ниту се затворија во своите куќи, на сите им беше јасно дека се различни. Но, постојат и други, помалку познати карактеристики кои ги прават единствени:

1. Швеѓаните не се фалат

Ингвар Кампрад, основачот на ИКЕА, не се возел во јавниот превоз затоа што е чудак, туку затоа што е Швеѓанец. Тие не се фалат со скапи автомобили и брендирана облека, непријатно им е ако нивното богатство е видливо за сите. Една неодамнешна студија за статусните симболи покажа дека различните нации различно ги перцепираат. Додека за Русите статусот се рефлектира во луксузни автомобили, Американците се богати ако даваат во добротворни цели, а во Шведска се сметаат за богати луѓето кои имаат доволно слободно време и можат да дозволат квалитетни патувања за своето семејство.

2. Швеѓаните не пушат

Ако земјата има помалку од 5 проценти пушачи, се смета за непушачка. Шведска го достигна тој златен стандард. И тие го постигнаа ова со тоа што во 70-тите години,кога една третина од возрасната популација користеше цигари секој ден,почнаа да се префрлаат на помалку штетни алтернативи - најпрвин само на тутун за орална употреба, а подоцна и на понови видови замени за цигари. Благодарение на ова, оваа земја има најниска стапка на карциноми поврзани со пушењето, вклучително и тумори на белите дробови и оралните тумори, во Европа.

3. Мала сабота

Ако влезете во ресторан во текот на неделата и нарачате алкохолен пијалок, келнерот со право ќе помисли дека не сте роден Швеѓанец, бидејќи тие пијат само за викенди. Често и претерано, но само за време на викендите. Сепак, излегува дека и тие понекогаш не можат да ги издржат културните правила кои важат со децении. Затоа неодамна почнаа да ги пијат своите „шнапс“ (пијалок сличен на вотка) и пивото и во среда. Но, за да останат што повеќе верни на традицијата или да си ја смират совеста, средата ја преименуваа во „мала сабота“.

4. „Флет“ организација

Во шведските компании хиерархијата е значително помалку застапена отколку во остатокот од светот. Однадвор понекогаш е тешко да се одреди кој е генерален директор, а кој вработен во понискиот менаџмент. Ова донекаде го отежнува донесувањето одлуки, бидејќи голем број луѓе се прашуваат за мислење, но од друга страна, моделот опстојува затоа што целата компанија стои зад ваквата донесена одлука, верува во неа и затоа секој вработениот е повеќе посветен на неговата реализација.

5. „Шведски акциони“...

Швеѓаните велат дека гласот што ги бие дека се сексуално многу слободни и активни, со своите или со други партнери, е само предрасуда. Ним не им пречи да имаат ваква репутација, особено не на мажите, но тврдат дека тоа е всушност единствениот сегмент по кој не се разликуваат од останатите.


ПР објава