Пијан заспа возејќи Тесла, автомобилот му го спаси животот (ВИДЕО)

Видеото го прикажува моментот кога автомобилот застанал

Немилиот настан е снимен со камера за мобилен телефон во Норвешка. Според достапните информации, станува збор за 24-годишен возач кој возел Тесла Модел С под дејство на алкохол. Заспал додека возел, а тоа го препознал авто-пилотскиот систем за самоуправување на Тесла. Системот за самоуправување ја презеде контролата и го запре возилото со влегување во тунелот Ноствет, дознава Електрек. Во исто време, се активираа светла за предупредување на автомобилот, со цел да се известат другите учесници во сообраќајот за вонредната ситуација.


Полицијата, исто така, коментираше за се‘, објавувајќи на Твитер дека возачот е пијан и изјавил дека не го управувал возилото.

Да потсетиме, Тесла Моторс постојано го подобрува својот систем за самоуправување, но исто така предупредува дека секоја форма на злоупотреба може да заврши со катастрофални последици. Затоа, тие ги советуваат возачите да ги држат рацете на воланот и да го следат сообраќајот при активирање на автопилотот.


Фото и Видео: Твитер