ПИЈТЕ КАКАО СЕКОЈ ДЕН: Вашиот организам ќе ви биде благодарен, а еве и зошто
Има повеќе причини поради кои какаото треба да се пие секој ден. Какаото го подобрува расположението и го опушта нашиот организам.
Тримесечното истражување во кое учествувале поголем број испитаници, покажало дека оние луѓе кои секојдневно пиеле какао имале значително помал ризик од срцев удар и развој на коронарни болести. Флаванолите коишто се наоѓаат во какаото го намалуваат и крвниот притисок. Какаото е познато како билка која го чува организмот од слободни радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од срцеви болести и крвни садови, како и од многу видови рак.
Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира нивото на шеќер и холестерол во телото. Го поттикнува помнењето и ја подобрува концентрацијата. Какаото ја омекнува кожата, а со тоа го забавува процесот на стареење.