ПМФЛ-5 КОЛО: Струга маршира победнички за 5 од 5, киксираше Шкупи против Победа

Ибраими и Шабани и донесоа на Струга победа против Силекс во дербито на 5. коло, со тоа стружани имаат неверојатен старт сезонава со 5 победи од исто толку средби.

Струга е убеливо лидер на табелата по дербито со Силекс, киксираше Шкупи на средбата со Победа од Прилеп, одигра на Чаир 1-1.

Академија Пандев запиша прва победа на домашен терен, падна аутсајдерот Скопје со 3-0, головите се дело на Митровски, Цикарски и Трајков.

Шкендија победи на гости кај Тиквеш со 3-1, додека во Ѓорче Петров, Македонија и Работнички одиграа нерешено 1-1.

Резултати, 5 коло: 

Струга - Силекс 2-1

Шкупи - Победа 1-1

Академија Пандев - Скопје 3-0

Македонија ЃП - Работнички 1-1

Тиквеш - Шкендија 1-3

Табела: