ПМФЛ: Академија Пандев победи во трилер меч против Шкендија за второ место

На дербито од 31 коло во ПМФЛ, во суперинтересен и возбудлив натпревар, Академија Пандев – Шкендија 4-2, меч со три пенали, и победа на тимот од Струмица за врвот и борба за второто место во ПМФЛ.

Бихорац, Илиев на двапати од пенал и Ѓорѓиев погодија за Академија Пандев, додека за Шкендија, Кривак од игра и Гури од пенал погодија за конечни 4-2.

Драматичен натпревар на Чаир, Шкупи и Македонија ЃП одиграа нерешено 1-1, Адем од пенал донесе нерешено за гостите од Ѓорче Петров.

Резултати, 31 коло:

Академија Пандев – Шкендија 4-2

Шкупи – Македонија ЃП 1-1

Работнички – Борец 2-1

Скопје-Пелистер 4-2

Тиквеш – Ренова 0-1

Струга ТЛ – Брегалница 1-0