ПМФЛ: Шкупи ја пречекува Македонија ЃП, редуциран капацитетот на стадионот во Чаир

Денес се игра првата средба од второто коло во ПМФЛ, шампионот Шкупи ја пречекува Македонија ЃП, за двата тима прва средба сезонава, откако шампионот поради обврски во европските натпреварувања го прескокна првиот дуел сезонава, а Македонија ЃП беше слободна.

Шкупи објави дека поради работи на новата трибина, таа нема да биде во функција, а гледачите ќе можат да го следат дуелот само од старата трибина.

Дуелот меѓу Шкупи и Македонија ЃП ќе го суди Александар Ставрев, а започнува од 17 часот.

Утре се играат средбите:

Работнички – Академија Пандев

Шкендија-Силекс

Брегалница-Струга ТЛ

Победа-Тиквеш