ПМФЛ: Струга го реши Шкупи, шампионот нема победа три натпревари во низа
Дербито на 22 коло му припадна на тимот на Струга ТЛ, лидерот во ПМФЛ го победи шампионот Шкупи со 2-1, на меч со три пенали и три гола.
Новиот тренер на Струга, Шпетим Дуро тргна со победа и тоа против Шкупи во директната пресметка за врвот, шампионот и натаму не бил во позиција да биде на првата позиција сезонава .
Струга победи со головите на Шабани и Ибраими од пенал, а голот за Шкупи е дело на Алварез во судиското продолжение исто така од пенал.
Академија Пандев ја запиша втората победа на последните три меча сезонава откако беше подобра од Победа во Струмица со 3-0, Скопје и Македонија ЃП одиграа нерешено, Силекс по двете победи во низа загуби во Кратово од Брегалница 1-2.
Шкендија лесно до победа против Работнички 3-1.
Струга ТЛ -Шкупи 2-1
Академија Пандев - Победа 3-0
Скопје - Македонија ЃП 1-1
Шкендија - Работнички 3-1
Силекс - Брегалница 1-2