ПМФЛ: Супер дерби во Струмица, Академија Пандев - Шкендија

Денес се играат средбите од 31 коло во ПМФЛ, супер дербито се игра во Струмица, минатогодишниот шампион Шкендија гостува кај Академија Пандев, двете екипи се на врвот, на втората односно третата позиција, со само бод предност за тимот од Тетово.

Овие две екипи, и Македонија ЃП се борат за позициите 2 и 3 на табелата, затоа дуелот во Струмица е големо дерби во македонската фудбалска елита, а ќе се пренесува на Спортклуб 2 од 17 часот.

Академија Пандев на оваа средба влегува по поразот од гостувањето кај Македонија ЃП, додека Шкендија запиша минимална победа против Работнички.

Сезонава се среќаваат по трет пат, Академија Пандев има една победа 2-1 во Струмица, додека во Тетово одиграа средба без голови.

Двојки, 31 коло – 17 часот:

Академија Пандев – Шкендија

Шкупи – Македонија ЃП

Работнички – Борец

Скопје-Пелистер

Тиквеш – Ренова

Струга ТЛ – Брегалница