По десет дена повторно назад, Гоце Седлоски пак е тренер на шампионот Шкупи

Гоце Седлоски повторно е тренер на шампионот Шкупи, само десетина дена по разделбата тој се враќа на Чаир.

Седлоски по мечот со Победа се реши да замине од клубот, Шкупи во меѓувреме не ангажираше нов тренер, па го врати стариот на клупата.

„Почитувани навивачи, ве известуваме дека нов тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, а клупската легенда Арбен Нухиу негов помошник. Заедно со нив на функцијата претседател на клубот се враќа и Суат Алија“, се вели во соопштението на Шкупи објавено на социјалните мрежи.

Шкупи по 5 одиграни средби има 7 бода, во моментот е на шестата позиција со негативна гол-разлика 6:7.