По три брака, Џејн Фонда (83) е сигурна во едно: Веќе немам намера да се мажам!

Дека е среќна иако не е мажена, вели легендарната Џејн Фонда во виртуелен разговор што се одржа во пресрет на годинашното доделување на Златните глобуси. На прашањето дали има нешто во нејзиниот живот што сè уште не го постигнала, таа даде прилично интересен одговор.

83-годишната холивудска легенда одговори: „Ќе ви кажам што никогаш не успеав, а тоа е да имам успешен брак. Но, вашето прашање продолжува со она што би сакала да постигнам, а одговорот е дека повеќе не сакам брак. Гледате, живеам сама и не сакам да ми се всели некој маж кој не сака да има жена која ќе се лути и ќе држи до себе“, рече Џејн Фонда и додаде:

„Ова не претставува закана за никого. Ова е добро за мене. Јас можам да гледам што сакам на ТВ,  јасно е дека не сакам повеќе да се мажам, но исто така е јасно дека тоа е нешто што посакував да успее.“

Холивудската легенда зад себе има три неуспешни брака - од 1965 до 1973 година беше во брак со францускиот режисер Роџер Вадим, потоа од 1973 до 1990 година со политичарот Том Хајден и конечно од 1991 до 2001 година со основачот на Си-Ен-Ен, Тед Тарнер. Таа речиси четврти пат „стапна на луд камен“, но ја прекина осумгодишната врска со музичкиот магнат Ричард Пери во 2017 година.

извор:stil.kurir.rs
насловна фото: Profimedia