Почина Ѓоко Дончев: Доајенот на народната песна

Во Скопје вчера, на 71-годишна возраст почина доајенот на македонската народна музика Ѓоко Дончев.

Неговите евергрини „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и уште многу други ќе останат запаметени засекогаш, бидејќи јавноста во Македонија имаше можност повеќе од две и пол децении да ги следи неговите настапи на музичката сцена.

Роднините и најблиските ќе се простат утре на градските гробишта Бутел каде ќе го испратат во неговото вечно почивалиште.