Почнува трета сезона на Twingo Cup

Единственото натпреварување во кое македонски возачи ќе се испробаат на вистински тркачки патеки во Европа,Twingo Cup викендов ја почнува  третата сезона. Возење со подеднакво подготвени возила и шест различни европски патеки се предизвик за деветтемина Македонци кои од април до октомври ќе се борат за титулата на сезоната, која вклучува и парична награда, но и за главната награда - електричниот автомобил Renault Twizzy што ќе го добие најдобриот возач од сите три сезони.

Twingo Cup им нуди можност на натпреварувачите да ги покажат своите возачки способности и да уживаат на патеката. Покрај за Twingo Cup во кое има засега 33 пријавени возачи, истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија, а трофеи ќе им бидат доделени и на најдобрите во категоријата „Junior“ за возачи до 23 години, како и категоријата „Gentlemen“ за возачи над 40 години.

Организаторот Aутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје сезонава ќе им овозможат на возачите да имаат вистински предизвик со учество на патеки на кои се вози и Формула 1, а Twingo Cup ќе биде придружен дел од тркачките викенди на одредени патеки каде исто така ќе се возат трки од различни серии.

„ И покрај тешките времиња пред се поради короната, успевме да организираме две сезони од Twingo Cup. Секоја сезона одиме чекор напред, следејќи ги амбициите на нашите натпреварувачи. Учиме како клуб, како организатор и како натпреварувачи и секоја сезона сме се подобри. Twingo Cup е подеднакво и натпреварување, и дружење и забава. Најважно е што можеме да покажеме, а и досега покажавме дека и во овој спорт имаме и таленти и зрели возачи. Сезонава првпат ќе возиме на патеки како што се Ред Бул Ринг, Брно и Монца. Тоа се нови предизвици за нашите натпреварувачи, за нивните можности и чекор напред во нивната афирмацијата, но и на македонскиот авто спортот надвор од државата. Ги знам добро и верувам во момците кои ги управуваат овие „мали количиња“ дека имаат квалитет да се носат со конкуренцијата. Голема благодарност и до спонзорите Аутомотив Груп, С-лизинг, ПСС, Триглав и Агенцијата з амлади и спорт кои не следат во оваа европска авантура на Twingo Cup“, вели Зоран Калеников, организаторот на Twingo Cup.

ПР објава