Поддршка од Халкбанк за македонските уметници
Во овие исклучително тешки денови во кои се најдоа голем број на поединци и компании, помошта и поддршката во вистинско време се покажаа како неопходни, па дури и клучни. Изминатите месеци, уште од самиот почеток на корона-кризата, Халкбанк АД Скопје на повеќе начини ја даде својата поддршка и финансиска помош на малите бизниси и индустрии кои беа најпогодени.
Во знак на поддршка за една од најпогодените категории и индустрии за време на КОВИД-19 пандемијата, која е сѐ уште во тек и со цел уште еднаш да се даде придонес на уметноста и културата во земјата, Банката откупи 400 фотографии од различни автори од Фото сојузот на РСМ.
Фотографија на Кирил Штрков©
Како директна помош на културниот сектор, оваа година Халк откупи и 300 билети за 3 претстави од Македонскиот народен театар, во моментот кога истиот беше затворен, го поддржа филмскиот фестивал Манаки, летниот Beach Film Festival како и детскиот фестивал за илустрација – Литера.
Халкбанк АД Скопје како исклучително општествено одговорна компанија, за која Важни се луѓето, постојано се труди да даде придонес во сите сфери на општеството и општествениот живот и ги повикува сите компании кои се во можност да пружат помош и поддршка онаму каде е најпотребно.
ПР објава