„Подготвена сум да одам, сакам само да ѝ олеснам на мајка ми“: Актерката која цел свет ја обожува организира сѐ за својата смрт
Актерката Шенен Доерти се подготвува да си заминеод овој свет, рече таа во нејзиниот подкаст „Да бидеме на јасно“.
Ѕвездата од
„Беверли Хилс“ со години се бори со напреднат рак на дојка, а сега откри дека
се ослободува од своите работи за да и ја олесни ситуацијата на нејзината мајка
Роуз.
„Мој приоритет во моментов е мајка ми. Знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред
неа. Бидејќи ќе и биде толку тешко, сакам да и ги олеснам работите. Не сакам
таа да има еден куп работи со кои треба да се занимава после тоа. Не сакам да
има четири складишни единици полни со мебел“, објасни Доерти.
Затоа таа веќе
почна да ги разгледува сите нејзини работи со план да ги донира или продаде
доколку се работи за антиквитети што ги собирал со години. Таа неодамна се
упати на југ до нејзиниот дом во Тенеси за да се спакува откако реши да се
откаже од својот сон да живее на имотот и да посвои коњи.
„Како да се откажувам од сонот“
„Бевме во Тенеси и се пакував. Беше многу тешко и многу емотивно затоа што се чувствував како да се откажувам од мојот сон да го изградам тој имот, да изградам куќа за мене и куќа за мајка ми и потоа да го проширам со штала“, објаснила Шенен.
„Се спакував и почнав да плачам... Се чувствував како да се откажувам од сонот. Што значеше тоа за мене? Дали значеше дека се откажувам од животот? Мајка ми ми кажуваше дека нема да го направам тоа, а јас реков - морам“, низ солзи рече таа.Сега вели дека тоа и донело мир и ја натерало да сфати дека не мора очајно да се држи до работите за да продолжи да живее.
„Можам да им помагам на коњите дури и без имот“, вели таа. Објаснила дека оставањето на имотот и работите и помагнало „да остави почиста и полесна транзиција за семејството“.
Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs