„Подобро подели ги розите во домовите за стари лица- ќе се израдуваат“: Фановите на Јелена Карлеуша во делириум за илјадниците рози што ѝ пристигнаа

Ретко која жена може да се пофали дека за Денот на вљубените добила не еден букет, туку 3.333 црвени рози.

Пејачката Јелена Карпеуша со бајковитата сцена се пофали на социјалните мрежи, и веруваме дека многу дами ѝ завидуваат.

Меѓутоа, штом сите помислија дека на изненадувањата дојде крај, следуваше нов шок за Јелена - односно, на домашна адреса ѝ пристигна уште цвеќе, овој пат, покрај класичните имаше и букети во облик на срце.

Пејачката сподели стори со зборовите „Втор ден, о мој Боже“, а веднаш потоа објави и виде на својот профил со хаштагот #pleasedonthateme, односно „ве молам, немојте да ме мразите“.


Имаше многу реакции, а еден фан и напиша дека е добро розите да ги подели во домовите за стари лица и да ги израдува.