Погледнете го првиот летачки автомобил на светот: Возењето успешно, на пазарот ќе биде до 2023 година (ВИДЕО)

Јапонската компанија Sky Drive објави дека првиот јавен тест лет на летечки автомобил со екипаж во Јапонија бил успешен. Демонстрациите биле спроведени на полигонот на Тојота, едно од најголемите јапонски полигони.

Автомобилот, наречен SD-03, полетал со пилотот, а потоа кружел околу четири минути пред да слета на полигонот. Оваа година ќе се тестира и надвор од локацијата, а се очекува конечно да биде достапен на пазарот во 2023 година.

„Многу сме задоволни што само две години по основањето на компанијата, успеавме да го извршиме првиот лет на летачки автомобил со екипаж во Јапонија“, изјави извршниот директор Томохиро Фукузава, додавајќи дека нивната цел е да комерцијализираат такво возило.

„Ние сакаме општество каде летачките автомобили ќе бидат прифатливо и пригодно средство за превоз преку небото, а луѓето ќе доживеат безбеден и удобен нов начин на живот“, рече Фукузава.


Пилотот управувал со командите, но стабилноста и безбедноста биле обезбедени од компјутер, а техничкиот персонал постојано ги следел условите за летот и работата на авионот, напишаа тие во соопштението за печат на нивната веб-страница.

SD-03 е најмалиот електричен модел за вертикално полетување и слетување во светот и според компанијата зафаќа простор околу два паркирани автомобили. Тој е висок два метри, долг четири метри и подеднакво широк.