Автомобили // Автомобили
Погледнете го видеото: Што ќе се случи ако истурите топла вода на замрзнато стакло?
Со брзиот пад на температурите, кои се почесто одат во минус, возачите наутро поминуваат многу време чистејќи го мразот и снегот од своите автомобили.
Стружењето на стаклото на студ е несакана работа која одзема многу време, па секој возач има свој начин да го реши проблемот.
Што никогаш не треба да правите при одмрзнување?
Одговорот е едноставен: никогаш не користете топла или врела вода за одмрзнување на стаклото.
Ова на потешкиот начин го открил сопственикот на автомобилот чие видео е објавено на Редит. Мислеше дека најбрзиот начин да се одмрзне замрзнатото стакло ќе биде да се полие со топла вода, но се покажа дека погрешил...
Погледнете како заврши експериментот:
Фото и Видео: Редит