ПОГЛЕДНЕТЕ КАКОВ ЛУКСУЗ НИКНУВА НА ЈАДРАНОТ - моќен хрватски бизнисмен ќе гради ресорт со пет ѕвезди

Откако пред две години ја продаде компанијата „Сунце Хотели“, најавувајќи го постепеното излегување од туризмот за да се посвети на земјоделството и енергетиката, Јако Андабак се враќа како инвеститор на Јадранот, овој пат во општината Св. Филип и Јаков, кој за прв пат има намера да донесе луксузна туристичка понуда.

Неговата компанија Сунчани ресорт на местото на поранешниот апартмански комплекс Croatia, на вкупна површина од 35.000 м2 покрај море, штотуку започна со изградба на ново одморалиште со 5 ѕвезди во кое ќе има хотел, суперлуксузни апартмани и вили, а паралелно почнува и изградба на марина со 127 места, откако лани Андабак доби концесија од општината.

Вкупниот износ на инвестицијата е тешко да се процени поради флуктуациите на пазарот, но од Андабак за Пословни.хр откриле дека се работи за инвестиција од околу 250.000 евра по клуч, додека според претходните најави ќе треба да се инвестираат околу 10 милиони евра во марината. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash