Покрената е полемика за корупција: „Што носите со себе кога одите на лекар?“ – Одговорот на еден ученик ја налути учителката

Дали ова ве насмеа или...

На Фејсбук страницата „Луда Хрватска“ објавена е фотографија од тестот од Запознавање на природата и општетсвото, која воодушеви многу корисници.

Гледаме неколку прашања, но најважното е: „Што мора да имате со себе кога одите на лекар?“.

Ученикот дал одговор кој стана хит меѓу луѓето, а гласи: „Кафе и бонбони“, со што ја започна вечната тема за корупција во здравството.

Фотографијата е објавена со кратка порака: „Децата знаат“.

Наставничката го пречкртала одговорот како неточен и напишала: „Здравствена книшка“ со црвен молив.

Објавата предизвика многу шеговити коментари, а повеќето корисници сметаат дека ученикот не погрешил.

„Не заборавајте го пликот“, „За сестрите е, виски за докторот“, „Сирење и пршута“, гласат дел од пораките.

Поединци сметаат дека фотографијата не е автентична, посочувајќи дека ракописот на детето и наставничката се „премногу слични“.

Едно лице смета дека одговорот е точен и дава сериозен аргумент: „Здравствената книшка не е потребна, имаат се во системот“.

Фото: Принтскрин/ Freepik
Извор: Sd.rs