Полицијата не очекуваше: Девет лица во Шкода? (ВИДЕО)

Видеото снимено од полициски автомобил покажува 9 лица како излегуваат од Шкода Octavia: „Ние секогаш го очекуваме неочекуваното, но ова навистина нè изненади“, рекоа англиските полицајци

Полициските службеници од Северен Јоркшир во Англија неодамна запреа Шкода Октавија. Кога луѓето почнаа да излегуваат од автомобилот, полицајците беа шокирани. Вкупно имало 9 лица во Шкодата, возачот, совозачот, пет во задниот дел и уште две лица во багажникот.

Едната гума на автомобилот била скоро целосно истрошена, две врати не можеле ни да се отворат.

„Секогаш го очекуваме неочекуваното, но ова навистина не изненади“, напиша полицијата на Северен Јоркшир на Фејсбук.


„Полицијата запре Шкода Октавија во Нортон кај Малтон, откако евиденцијата покажа дека автомобилот не е безбеден за возење“, изјави портпаролот на полицијата. Возачот бил пријавен за опасно и небезбедно возење.

- Продолжуваме со насочено воведување на безбедност на патиштата во текот на целото лето и подоцна, со цел да бидеме безбедни и да ги отстраниме нелегалните возачи и возила од патот - додаде портпаролот.


Фото и Видео: Фејсбук