Половно југо во Америка се продава за 9000 долари: Со поминати само 700 километри
Кој вели дека југото воопшто не вреди..
На популарниот сајт „Craigslist“ беше поставен оглас на кој се продава југо со цена од 9000 долари. Сопственикот на овој автомобил вели дека југото е практично нов и дека со него се поминати само 700 километри. На фотографиите може да се види дека автомобилот е во одлична состојба и дека изгледа како да е донесен преку времеплов.
Сопственикот на автомобилот во огласот напишал дека купувачот ќе добие уште едно југо како подарок, кој може да го користи за делови.
Југото во Америка почнало да се увезува во 1985 година и тогаш е рекламиран како најефтиниот автомобил кој тогаш чинел 3.990 долари. Денес, овој автомобил важи за еден од најлошите автомобили и во Америка често го користат како возило од кое прават различни модифицирани возила.
Заинтересираниот купувач веднаш е пронајден, па огласот е тргнат по само неколку саати од објавувањето, што укажува на тоа дека зачуваното југо најверојатно завршило во рацете на некој љубител на олдтајмери.