Поради нејзината лага беше обезглавен наставник: Сега муслиманската ученичка призна зошто лажела

Во октомври 2020 година, 13-годишна муслиманска ученичка во Франција измисли приказна за да ја сокрие својата суспензија од училиште. 

Лажно изјавила дека нејзиниот професор по историја, Самуел Пати, им покажувал навредливи карикатури на пророкот Мухамед. Нејзиниот татко, Брахим Чнина, започнал онлајн кампања против професорот, обвинувајќи го за исламофобија.

Pexels

Овие објави стигнале до 18-годишниот радикализиран Чеченец, Абдулах Анзоров, кој на 16 октомври 2020 година го обезглавил Пати пред училиштето. Подоцна се откри дека ученичката не ни присуствувала на часот и признала дека лаже за да избегне казна дома.

На неодамнешното судење, таа се извинила на семејството на Пати, признавајќи: „Жал ми е што ви ги уништив животите. Без мене, никој немаше да биде овде.“ Таа минатата година доби условна казна од 18 месеци за клевета.

Pexels

Анзорoв платил на ученици да му го покажат Пати пред нападот, а потоа објавил фотографии од убиството на социјалните мрежи. Осум лица сега се соочуваат со судење за поттикнување омраза и соработка со терористи. 

Адвокатите на семејството на Пати предупредуваат дека овој случај е показател за длабоката радикализација и опасноста од ширење омраза преку интернет.

Извор: Espreso