Поради Веља Невоља ангажираше обезбедување: Жителите на Бресаќ живеат во страв
Откако беше поврзан со Вељко Беливук, познатиот пејач Дарко Лазиќ ангажираше безбедување кое ќе се грижи за неговата и безбедноста на неговото семејство...
Фолкерот Дарко Лазиќ е исплашен од моментот кога неговото име се поврза со името на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља.
Иако овој пејач тврди дека со Веља и неговите луѓе, кои, како што и самиот вели, многу ги почитува, нема никаква врска неговото однесување го кажува спротивното. Имено, Дарко во последно време, како што пренесува „Ало!“, во јавноста се појавува само доколку мора и тоа со присуство на еден маж, кој, судејќи според соседите на пејачот од Брестач, е негов телохранител. Соседите на Дарко откриваат дека Дарко ниту на својата вереница Марина, а ни на синот Алексеј не им дозволува да излезат без прашање.
„Откако името на Дарко почна да се поврзува со името на Веља Невоља, работите во неговото опкружување нагло почнаа да се менуваат. На почетокот никој од соседите не ги гледаше ниту Дарко, ни Марина и малиот Алексеј, но тој однеодамна почна да се појавува во селото во придружба на едне маж“ - кажа една од сосетките на Дарко.
Таа објасни дека семејството на Дарко Лазиќ се затворило дома и дека не излегуваат дури ни во двор, а потоа додаде и дека сега целото село се плаши.
„Едно момче постојано оди со него и тоа е неговиот личен телохранител, додека другите двајца се задолжени да ја чуваат куќата. Семејството времето го поминува дома и ретко кога излегува во дворот. Дури и кога ќе се случи тоа, не го напуштаат дворот. Цело село сега се плаши, поради сомнежите дека Дарко е вмешан во мафијата. Сега луѓето, наместо да го препознаваат по неговиот талент, го поврзуваат со опасни луѓе. Се надевам дека ова ќе заврши побрзо, бидејќи на никој не му е пријатно да живее во исчекување и во страв.“