Порака од психолог до сите луѓе: Не сте депресивни, само сте опкружени со будали!
фото:PIXABAY
Постојат различни начини на кои луѓето можат да ја изразат својата злоба и глупост. Елвира Алета, психолог и автор на Explorewhatsnext, има што да ви каже.
На кратко, „Не грижи се, не зависи од тебе“.
„Пред да се дијагностицирате себеси како депресивни или со ниска самодоверба, прво проверете да не сте опкружени со будали.“ (Вилијам Гибсон ).
Многумина ќе се идентификуваат со оваа реченица. Ќе размислуваат за своите искуства. Колку пати туѓото однесување влијаело на тоа како се чувствувате? Колку пати сте морале да раскинете врска или да се откажете од пријателство затоа што таа врска ѝ наштетила на вашата самодоверба?
Постојат различни начини на кои луѓето можат да ја изразат својата злоба, лошотија и глупост. Ако луѓето во вашиот живот се поклопуваат со овие три карактеристики, проблемот не може да биде вашата самодоверба или депресија!
1. Будалите се задоволни во својата глупост
И под глупавост не се мисли дека тие не се интелигентни. Никој не е паметен цело време и никој не знае сè за сè. Започнете со себе - кога не знаете нешто за нешто, за почеток - признајте си го тоа. И уште поважно, не држете лекции на другите за предмет за кој не знаете ништо. Но, тоа не ја спречува будалата да се фали со своето „знаење“. Будалата е намерно, глупаво глупава и среќна во тоа.
2. Будалите се гласни и бучни
Може ли будалата да биде тивка и срамежлива? Можеби, но тешко дека ќе се сетите на некого таков. Повеќето будали не се заинтересирани за разговор во кој слушаат и зборуваат. Тие држат монолог, викаат, влегуваат во вашиот личен простор и воопшто не сфаќаат дека го прават тоа. Или можеби тоа го прават за да заплашат. Секако не е добро за вас.
3. Будалите се себични силеџии
Тие се свртени кон самите себе. Тие ги намалуваат мислите, чувствата и придонесите на другите, истовремено надувуваајќи го своето его и чувство дека вредат многу повеќе.
Зошто будалите прават да се чувствуваме депресивно?
Ако сме постојано изложени во близина на будали, тие можат да влијаат на нашата самодоверба. Родителите нè научија да бидеме љубезни и добри, да ги слушаме и почитуваме другите. Истото го очекуваме и од другите. Ние го почитуваме мислењето на другите, дури и кога не се согласуваме со нив. Добрите луѓе не се лутат брзо и имаат тенденција да ги истакнуваат позитивните квалитети на другите. Однесувањето на будалите прави да се чувствуваме глупави затоа што сме добри. Кога често ја гледаме оваа личност, со текот на времето ни се распаѓа самодовербата, се чувствуваме безнадежно, уморно, тажно и депресивно. Хроничната емоционална злоупотреба навистина може да доведе до депресија како дијагноза.
Што можете да направите за себе?
Бидете искрени со самите себе. Откако ќе ја видите реалната состојба, полесно ќе ја вратите самодовербата. Поминете што е можно помалку време со таа личност. Ако сте во иста канцеларија со таа личност, барајте трансфер… Грижете се за себе малку повеќе. Поминете време со оние луѓе кои прават да се чувствувате добро. Може да бидат и вашите миленици. Сега кога знаете како да препознаете будала кога ќе ја видите, време е да излезете од депресија и тага и да живеете ослободени од овие токсични луѓе.
(Извор: BIZlife)