Поранешен готвач од Хиландер откри рецепт за салата што ги чисти цревата како булдожер: Мислам дека мора да ја јадеме оваа храна колку што е можно повеќе, таа е суво злато и сите живнуваат од неа

„Не јадете со очи, јадете со умот и разумот“, вели готвачот Небојша Стаменовиќ, кој со години ги проучува растенијата и го користи најдоброто од природата.

Небојша Стаменовиќ, многу попознат по прекарот Неша Травка, работел многу години како готвач во Хиландар и живее точно онака како што проповеда. Тој има повеќе од 2 децении кулинарско искуство, а негова посебна страст е собирањето лековити растенија. Тој често споделува рецепти кои се многу едноставни и носат бројни придобивки за целиот организам. Така неговата салата од коприви, од која сите живнуваат, како што истакна Стаменовиќ, стана вирална, а за два дена видеото го погледнаа речиси два милиони луѓе!

- Копривата е растение кое го нарекуваат „девојка за сè“. Ако малку боли, не е страшно, добро е. Се е околу нас, искористи го. Пече, но кога ќе го „згужваш“, повеќе нема, може слободно да се јаде, многу е здраво - вели Небојша.

РЕЦЕПТ ЗА САЛАТА ОД КОПРИВА:

Состојки:

сноп коприви

1 јаболко

1 лимон

главица лук

сок од калинка

рицинусово масло

црн ким

семки од тиква

Неша детално објасни како се прави.

- Копирвата нема да ја миеме, бидејќи не е добро тоа. Исечете ги само листовите, отфрлете ги стеблата. Има мала киселост, што е многу добро. Па, сега, постојат и таканаречени „вжарени ќелии“ кои печат. Затоа сипав сок од лимон во копирвата и добро го измешав, а потоа го неутрализирав и ќе може да се јаде свежа, нема да боцка. Потоа изрендајте го јаболкото, исечкајте го лукот и додадете ги состојките во садот. Потоа истурете го сокот од калинка, семки од тиква и црниот ким. Има да живнете од оваа салата - заклучи тој.