Манекенката и актерка Зулејка Ривера Мендоза ја рангираа во една од најпопуларните жени во моментов.
Таа е поранешна Мис универзум (2006), а нејзината популарност започна да расте вртоглаво кога оваа Порториканка (33) се појави како танчерка во спотот на песната Despacito во 2017 година, која штотуку направи 7-те милијарди прегледи на YouTube.
Таа во Порто Рико е најпозната ѕвезда, моментално води свое тв. шоу и ја бараат сите познати светски модни куќи.