Поранешната на Маск предизвика хаос! Милијардерот го однесе син им Икс кај Трамп, Грајмс збесна!
Пејачката Грајмс остро го критикуваше својот поранешен партнер Илон Маск, откако го однесе нивниот син Икс на прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба.
Четиригодишниот Х, кој привлече големо внимание, наводно го воодушевил Трамп, а Грајмс јавно се спротивстави на настапот.
Грајмс, исто така, ја критикуваше состојбата на американската политика, особено актуелната администрација, и покрај тоа што изрази страв од можна „буквална депортација“.
Грајмс, која неодамна изјави дека не се кае што се разделила со Маск, не го криеше незадоволството што нејзиниот син стана предмет на медиумско внимание.
„Тој не треба да биде вака во јавност“, напиша таа на „X“, социјалната мрежа која Илон ја купи и ја преименува во чест на нивниот син, додавајќи:
„Не го видов ова, благодарам што ме известивте. Мило ми е што беше љубезен“.
Иако Грајмс не го коментираше растечкото влијание на Маск во Белата куќа, таа претходно изјави дека неговите медиумски провокации со неговиот син Х се „лична трагедија“ за неа.
Грајмс и Маск се забавуваа две години пред да го пречекаат нивниот син, X AE A-XII, во 2020 година.
Во средината на 2021 година, Маск изјави дека се во „полу-разделба“, а до крајот на истата година добија второ дете, Exa Dark Sideræl.
За време на турбулентниот период од 2023 година, парот тајно доби уште едно дете, Tau Techno Mechanicus.
Фото и Видео: Youtube