Селектирај и донирај: Преку системот на повратни машини на Пакомак граѓаните донираа за СОС Детско Село
Во текот на оваа
година граѓаните селектираа преку 240.000 пластични шишиња и лименки преку
системот на повратни вендинг машини на Пакомак, со цел да донираат за потребите
на СОС Детското село. Пакомак одговори на волјата на граѓаните со тоа што ги
претвори собраните парчиња отпад во денарска противредност во износ од 120.000
денари и ги донира на СОС Детско село.
Донацијата беше направена преку мобилната апликација ЕкоМак, во која корисниците имаат можност со нивните „зелени поени“ добиени со селективно одложување на отпадот во ПВМ да купат ваучери со кои ќе ја поддржат работата на СОС Детско село.
„Во името на Пакомак би сакал да им се заблагодарам на сите хумани граѓани кои решија да донираат за поддршка на СОС Детското село, со цел да им се обезбеди подобра заштита на згрижените деца без родителска грижа. Имаме планови во иднина да го зголемиме бројот на вендинг машини кои ги поставуваме заедно со Швајцарската амбасада, а со новитетите кои постојано се појавуваат на апликацијата ЕкоМак се надеваме дека ќе успееме и во иднина да реализираме повеќе вакви активности“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.
Донирањето за разни хуманитарни цели и активности може да се направи преку апликацијата ЕкоМак, која е достапна за преземање целосно бесплатно. Во нејзиното подмени наречено „Ваучери“, корисниците можат да ги прегледаат сите активни понуди и можности за донација.
Првата повратнаа вендинг машина беше поставена во Скопје во 2021 година, а во изминатите години вендинг машини добија повеќе наши градови, како Прилеп, Куманово, Штип, Битола, Берово, Охрид, Кочани, Струга и други. Корисниците на повратните вендинг машини наменети за одложување на амбалажен отпад за секое парче отпад оставено во машината добиваат „зелени поени“, кои потоа можат да се искористат како бенефити во најголемите ланци на супермаркети во нашата држава, плаќања сметки и донации, а во иднина нивната намена ќе добие и поширока употреба.
ПР објава