Поранешниот на Цеца и неговата девојка слават: Честитки пристигнуваат од сите страни

Поранешното момче на Цеца, Богдан Срејовиќ се заљуби во 14 години помладата Јована Љубисаљевиќ.

Иако нејзините родители на почетокот не биле среќни поради нејзината одлука, не само поради разликата во години туку и поради тоа што тој има дете од првиот брак, сепак на крај љубовта победила.

Заљубениот пар не се разделува, а заедно биле забележани и на премиерата на филмот „Недеља“, каде Богдан првпат се сретна очи во очи со Цеца Ражнатовиќ со која беше една година во емотивна врска.

Изгледа тоа не го вознемири премногу, па на својата сакана и приреди прекрасно изненадување за да го прослави нејзиниот 28 роденден. Таа мораше да го сподели со сите.

- Ти благодарам за најубавиот роденден. Те сакам. Мој - напиша Јована и го означи својот сакан со песната „Сега и засекогаш“ од Драгана Мирковиќ и Аце Лукас.

- Родителите на Јована прво беа против врската бидејќи Богдан е 14 години постар од неа и веќе има дете од првиот брак.Меѓутоа, кога сфатија дека тие двајца добро се сложуваат и дека поранешното момче на Цеца ја радува саканата, конечно го прифатија – изјавил неодамна извор за Star Source и додал дека тајната венчавка не е опција.

Со оглед на тоа што Јована веќе се преселила кај Богдан, многу зборуваат за брак и за бебе, а кога таткото на мисицата слушнал за тоа, организирал семеен ручек на кој многу жестоко му се заканувал на својот зет.

Рече дека не им паѓа на памет да се венчаат во тајност, а да не ги информираат за тоа – рекол изворот.

Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs