Поседува дури 45 автомобили, а трошел по 30.000 долари месечно на вино: Раскошниот живот на Џони Деп
Џони Деп успеа да им докаже на сите дека не е виновен и се избори за себе себе во судењето кое го следеше целиот целиот свет...
Џони Деп конечно го заврши процесот кој му зеде многу нешта, но и успеа да ја докаже вистината.
Тој го доби судењето за клевета и поранешната сопруга ќе мора да му исплати 15 милиони долари обештетување, додека тој ќе ѝ плати 2 милиони, бидејќи судот уважил и една од нејзините противтужби.
Меѓутоа, животот на Џони Деп е прилично скап. Неговиот поранешен финансиски менаџер откри дека Деп од 1999 до 2016 година заработил дури 600 милиони долари.
Актерот ги трошел на вили, приватни авиони и луксузни патувања, месечно трошел по 100.000 долари на лекар, кој му помагал со зависностите, 10.000 долари дневно на осигурување и 200.000 долари месечно за персоналот.
Деп во еден момент платил повеќе од 75 милиони долари за купување и одржување на своите 14 куќи, вклучувајќи го и дворецот во Франција, и групата острови на Бахамите.
Исто така, купил јахта за 18 милиони долари и дури 45 луксузни автомобили, вклучувајќи го и скапоцениот ретро модел на „ролс ројс“.
Џони Деп вложувал и во уметност, гитари, накит, антиквитети, а дури 30.000 долари месечно трошел за вината кои ги купувал од целиот свет.
фото: Принтскрин