ПОСЛЕ ДОЛГА БОЛЕСТ: Почина кантавторот Роби Робертсон, кој се прослави во групата „The Band“
Роби Робертсон, гитаристот и основач на The Band, за кого ги напиша повеќето песни и чиј последен концерт беше овековечен во документарниот филм на Мартин Скорсезе, The Last Waltz, почина денеска (9. август) во Лос Анџелес. Имаше 80 години.
Робертсон ги напиша и изведе хитовите на групата Рокенрол Куќата на славните како „The Weight“, „Up on Cripple Creek“ и „The Night They Drove Old Dixie Down“.
Во 1969 година, The Band свиреа во Вудсток и завршија на насловната страница на магазинот Тајм.
На 16-годишна возраст Робертс ја започна својата кариера во бендот „The Hawks“ на Рони Хокинс, друг музичар од Канада. Во средината на 1960-тите, тој беше гитарист во бендот на Боб Дилан на првата турнеја каде популарниот американски кантавтор го претстави својот нов звук, кој повеќе се приклонува кон рок и блуз отколку кон фолкот што го направи познат. Членовите на „The Band“ свиреа на некои од неговите албуми, а Дилан напиша неколку песни за нив.
Многу рок критичари веруваат дека нивната соработка го означила почетокот на жанрот Американа.
Робертс започна пријателство и соработка со Мартин Скорсезе во 1970-тите. Познатиот режисер сними документарен филм „Последниот валцер“ за групата „The Band“, во кој беше прикажан нивниот последен настап. Робертсон, од друга страна, ја компонираше и ја одбра музиката за многу филмови на Скорсезе, вклучувајќи го и последниот „Убијци на цветната месечина“, чија премиера беше оваа година во Кан.
Роби Робертсон почина на 9 август од рак на простата на 81-годишна возраст. Зад себе ги остави сопругата Џенет, ќерките Александра и Делфин, синот Себастијан и пет внуци.