Живот // Живот
Последен поздрав за Панчо: Утре ќе биде неговото испраќање во вечното почивалиште

Утре, на 16 октомври, роднините, пријателите и сите кои го познаваа и сакаа Владимир Блажев – Панчо ќе имаат можност да се простат од него и да му оддадат последна почит, информираше неговата сопруга.
Прошталната церемонија ќе се одржи во црквата „Св. Илија“ во скопската населба Аеродром. Молитвениот чин ќе започне во 9:00 часот со Заупокоена литургија, по што изразување сочувство ќе биде овозможено во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
Опелото ќе започне во 12:00 часот, а погребот ќе се изврши на гробиштата во Бутел со почеток во 13:30 часот.
Владимир Блажев – Панчо зад себе остави неизбришлива трага и спомени кај сите кои го познаваа.