Стил // Пари
Потпиша тестаментот само два дена пред самоубиството: Кој ќе наследи 577 милиони долари?
- 21 Август, 2019
Толку пари, а заврши неславно
Новите судски записи покажуваат дека милионерот Џефри Епштајн, вмешан во секс
скандал со малолетни лица, напишал тестамент само два дена пред да си го одзеде
животот во затвор во Менхетен.
Записите велат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но не се дадени детали за наследниците.
Адвокатската фирма на Џефри ја потврди автентичноста на тестаментот. Неколку наводни негови жртви најавија дека ќе бараат неговото богатство да биде дистрибуирано како компензација на сите лица за кои е докажано дека претрпеле негова тортура.
Адвокатот на Епштајн, Вилијам Блум, рече дека сите тврдења во врска со распределбата на имотот на милионерот ќе бидат „праведно распоредени“.