Повеќето со задоволство ја јадат, но не знаат дека е успешен предатор: Како буковката го убива својот плен? (ВИДЕО)
Многумина не знаат дека буковката е една од ретките месојадни печурки...
Буковката е јадлива печурка од семејството Polyporaceae. Може да се најде во речиси сите умерени и суптропски шуми, на трупците или листопадни дрвја. Интересен податок е дека за прв пат се одгледувала во Германија, за време на Првата светска војна. И до ден денес останува популарна храна, додека се смета за деликатес во јапонската и кинеската кујна. Но, она што малкумина го знаат е дека е една од ретките месојадни печурки.
Што значи ова?
Ова значи дека оваа габа се храни со кружни црви така што прво ги убива со нервен гас. Научниците мислат дека тоа го прави затоа што не добива многу од протеините што ѝ се потребни од дрвјата и скапаните трупци на кои живее. Затоа, развила посебна тактика за преживување која вклучува употреба на топчиња на хифи кои лачат мала количина отров што ги парализира црвите.
За само неколку минути по „нападот“ жртвата ќе биде мртва, а филаментот на габата потоа ќе почне да навлегува во неговото тело за да ги раствори ткивата и да собира хранливи материи. Една понова студија која успеа да утврди како всушност користат нервен гас од типот 3 октанони, но и дека неговиот успех во убивањето нематоди е толку голем што сега дури размислуваат за употреба на споменатиот гас за заштита на растенијата од штетници.Сепак, нејзините супермоќи не завршуваат тука, бидејќи некои други студии покажуваат дека може да помогне и во чистењето на почвата загадена со дизел, како и во разградувањето на оксо-биоразградливите кеси.