Првата сопруга на Александар Велики била најубавата дама на тоа време, а она што свекрвата го направила за неа ги воодушевило сите

Александар III Македонски, познатиот освојувач и крал на Македонија, бил во брак три пати, но неговата највпечатлива љубовна приказна останува онаа со прекрасната принцеза Роксана.
Нејзиното име потекнува од древен ирански збор и значи „сјајна“. Таа била ќерка на влијателен племиќ од Бактрија (денешен Узбекистан/Авганистан), а според старогрчкиот историчар Аријан, Александар ја освоил тврдината каде нејзиниот татко го криел семејството, и таму ја запознал младата, околу 16-годишна Роксана.
Заслепен од нејзината убавина, Александар решил да ја земе за законска сопруга, наместо да ја направи наложница – нешто што не му се допаднало на неговите советници, кои ја сметале за недостојна „варварка“. Но, бракот му помогнал да се доближи до народите што ги освојувал.
Во 324 г. п.н.е., Александар се оженил и со Статира – ќерка на персискиот крал Дариј III, како и со Парисатида, ќерка на Артаксеркс III, во обид да создаде политички сојуз со персиското благородништво. Тоа го загрозило местото на Роксана, особено ако Статира добиела син.
По смртта на Александар во 323 г. п.н.е., Роксана била бремена и под заштита на неговиот сојузник Пердика. Родила син, Александар IV, и за да го обезбеди неговиот пат до тронот, според Плутарх, тајно ги убила Статира и нејзината сестра, скривајќи ги телата.
По смртта на Пердика, Роксана се преселила во Амфипол, а потоа и во Епир под заштита на мајката на Александар – Олимпија. За кратко време, народот ги прифатил Роксана и синот како вистински наследници. Но, Антипатровиот син Касандар ја опседнал тврдината, ја убил Олимпија, а неколку години подоцна, околу 310 г. п.н.е., тајно ја погубил Роксана и нејзиниот 14-годишен син.
Така завршила приказната за жената која му го освоила срцето на најголемиот војсководец на сите времиња, и за единствениот негов легитимен наследник.
Извор: still.kurir