Повторно црн дневен биланс: 24 лица починаа од коронавирус
Секој ден со црн биланс од ковид-19!
Министерството за здравство денеска информира дека регистрирани се 913 нови случаи на коронавирус во Македонија, додека пак 24 лица ја изгубија оваа битка.
Починати двајца пациенти од Скопје (67 и 77 години)
Починат еден пациент од Куманово (59 години)
Починати четири пациенти од Прилеп (45, 61, 70 и 79 години)
Починати три пациенти од Велес (78, 82 и 82 години)
Починати два пациенти од Битола (62 и 80 години)
Починати три пациенти од Охрид (64, 67 и 68 години)
Починати двајца пациенти од Гостивар (66 и 68 години)
Починати шест пациенти од Струмица (37, 40, 41, 64, 75 и 75 години)
Починат еден пациент од Пробиштип (69 години)
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194.