Познатата комичарка со емотивна објава: Имам рак на белите дробови, а никогаш не бев пушач

Кејти Грифин, комичарката, актерка  и двократна победничка на Еми, ја потресе светската јавност со објавата дека ѝ е дијагностициран рак на белите дробови.

Таа вели дека никогаш во животот не била пушач, но дека без оглед на тоа ѝ дијагностицирале рак на белите дробови и половина од нејзините бели дробови ќе бидат отстранети.

Грифин на социјалните мрежи објави:

„Луѓе морам нешто да ви кажам. Имам рак. Токму сега се подготвувам да одам на операција каде ќе ми отстранат дел од белите дробови. Да, имам рак на белите дробови, а никогаш не бев пушач. 

Докторите се оптимисти, бидејќи ракот е во почетна фаза и се наоѓа на левата страна од моите бели дробови.

Би требало да имам функционални бели дробови кои ќе работат нормално и да немам потешкотии со дишењето. Се надевам дека ќе трчам околу за месец или дури помалку“ - напиша таа.


Фото: Profimedia