Познато е кога Спортклуб ќе го емитува првиот пренос на Вардар од втората лига

Спортклуб и ФК Вардар се договорија за преноси од втората македонска лига, тоа важи само за домашните мечеви на црвено-црните.

Според информациите на фактор.мк, првиот пренос од мечевите на Вардар ќе биде емитуван на 16-ти октомври, и тоа од дуелот со Беса.

Викендов Вардар игра дома со Локомотива, но Спортклуб ќе започне со преноси од настапите на македонскиот легендарен клуб од 16 октомври.