Пред да почине татко ѝ, ѝ ја шепнал својата најмрачна тајна поради која 50 години морал да го надитрува системот: Успеал во невозможното и исплетил мистерија која полицијата никогаш не ја решила
Томас Рандел умирал од рак на белите дробови и имал темна, неверојатна тајна што ја чувал од сите цел живот. Во март 2021 година, по неговата прва хемотерапија, тој лежел во својот кревет во предградието на Бостон со неговата тогаш 36-годишна ќерка Ешли, која го чувала и решил да и се довери. Следувало запрепастувачко признание: тој е бегалец од законот од 1969 година, односно повеќе од пет децении.
Томас пред повеќе од половина век, кога имал 20 години, ограбил банка во Охајо, при што украл 215.000 долари, што е еквивалент на околу 1,7 милиони долари денес. А неговото вистинско име не било Томас Рандел туку Теодор Тед Конрад.
Ја молел ќерката да не го истражува случајот. Но, по ова шокантно откритие, Ешли не можела да се смири. Таа го направила она што веројатно би го направиле повеќето луѓе: впиша „Теодор Конрад“ во интернет пребарувачот - имаше стотици и стотици написи за него. Со секој клик мрачното минато на нејзиниот татко и станувало се попознато, пишува „CNN“.
Во Линфилд, Масачусетс, Томас Рандал бил продавач на автомобили, успешен играч на голф во локалниот клуб и семеен човек кој ги обожавал својата сопруга и единственото дете. Редовно донирал пари за полициските добротворни организации и поминувал часови и часови гледајќи разни криминални емисии. Меѓутоа, во Кливленд, Томас Рандал бил познат како Тед Конрад, недопирливиот ограбувач на банки. Иако практично бил тинејџер, тој го извршил еден од најголемите грабежи во историјата на Охајо во 1969 година, инспириран од неговиот омилен филм „Аферата Томас Крун“.
Момчешкото лице на Конрад било излепено на бараните постери и прикажано на "America’s Most Wanted" и "Unsolved Mysteries", а за двајца американски маршали, татко и син, стана животна мисија да го фатат. Џон Елиот го помина поголемиот дел од својата кариера во потрага по Конрад, но во тоа не успеал - тој почина во 2020 година. Сепак, неговиот син Елиот Џуниор, исто така американски маршал, на крајот ги доби сите одговори. „Тоа беше елегантно едноставна, но бескрајно сложена мистерија“, го опиша тој злосторството.
„Му реков: „Те барале. Има милион статии за тебе. А тие сè уште те бараат, ако не знаеш. Мора да и кажеме на мама“, открила Ешли Рандал што му кажала на својот татко откако чепнала во неговото минато.
Кога ѝ кажала на мајка си за ова неверојатно сознание, таа била целосно изненадена: „Читала написи на Интернет и само извикуваше: „О Боже, о Боже!“ Не можам да замислам колку тоа беше трауматично за неа.“
Грабеж на кој не можело да му се влезе во траг 50 години
Исчезнувањето на Конрад ги збунува истражителите веќе пет децении. Неговото злосторство звучи речиси филмски: тој работел како шалтер во банка во Кливленд и на 11 јули 1969 година, во петок, дошол на работа како и обично, но заминал како многу богат човек. На крајот на денот, тој влегол во трезорот, ги наполнил тогашните 215.000 долари во хартиена кеса и засекогаш го напуштил стариот живот. Банката не сфатила дека биле ограбени до понеделник, што му даде на Теодор значаен дводневен почеток.
Денови подоцна, овој млад човек испратил две писма на својата тогашна девојка, едното од Вашингтон, а другото од Лос Анџелес, во кое и кажувал дека ја сака и дека му недостига. Набрзо случајот замрзна - властите не можеа да му влезат во трага. Една недела откако исчезна, Аполо 11 ги спушти првите луѓе на Месечината и оваа историска тема стана број еден во сите медиуми, а злосторството на Конрад набрзо беше заборавено. Месеците се претворија во години, а потоа во децении.
Сепак, истражителите не се откажувале - тие редовно добиваче извештаи дека некој го видел Конрад во различни делови на Америка, но овие наводи секогаш ќе се покажаа како лажни.
Неговата опсесија со филмот го инспирирала да краде
Во меѓувреме, Тед Конрад градеше нов живот како Томас Рандел во Масачусетс. Решил да се смести во предградие северно од Бостон, градот во кој бил сместен и снимен неговиот омилен филм „The Thomas Crown Affair“, кој го инспирирал да ограби банка, па дури и се именувал по главниот лик на оваа продукција.
Официјалните лица забележаа дека Конрад бил опседнат со филмот од 1968 година, кој ја следи приказната за бизнисмен милионер кој ограби банка во Бостон за забава. Неговите пријатели им откриле на истражителите дека тој го гледал филмот неколку пати пред грабежот и дури им се фалел како се вработил како шалтер без да даде отпечатоци од прстите и дека ќе биде лесно да се ограби банка.
Ешли Рандал истакнува дека нејзиниот татко не живеел како да се крие - секој ден ја возел до училиште, ја земал, понекогаш одел со неа на школски излет... Сепак, некои ситници конечно почнале да добиваат смисла по неговата исповед . Нејзиниот татко секогаш имал брада и ретко ја симнувал бејзбол капата на јавно место. Тој, исто така, никогаш не ја напуштил земјата и инсистирал дека мрази да патува во странство.
Ешли и нејзината мајка верувале дека на Томас му останале само уште неколку месеци живот, па решиле да ја чуваат неговата тајна од полицијата додека не умре. Последното нешто што сакале е да го видат нивниот болен 71-годишен сопруг и татко одведен во затвор. И навистина, Томас Рандел, односно Тед Конрад, починал два месеци откако и ја призна вистината на својата ќерка.
Семејството Рандел сакало да почека една година, да се опорави од шокот и тагата, пред да ја сподели тајната со полицијата. Сепак, федералните власти ги надитриле - во ноември 2021 година, американските маршали ненајавено се појавија на нивната врата. Се испостави дека дури до смртта на Томас истражителите го направиле својот прв голем пробив во случајот. Некој испратил фотографија од неговиот некролог на новинар за криминал со порака дека починатиот најверојатно е Конрад.
Foto: Ashley Randele / Facebook