Пресврт- Талибанците се попишманија: Сепак ќе дозволат Авганистанци да ја напуштаат земјата и по 31 август

Едно кажаа пред два дена, сега нешто друго. Но притисокот е голем кон нив...

Талибанците изјавија дека не се согласуваат со продолжување на рокот по 31 август, што САД го определија за повлекување од Авганистан и дека сакаат сите заминувања да бидат завршени до тој датум.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид рече дека неговата група нема да прифати „продолжување“ на тој рок.

Муџахид рече дека „не знае“ дека имало средба меѓу Талибанците и шефот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА), но тој не негираше дека тоа се случило.

Американски официјален претставник ги потврди медиумските извештаи дека директорот на ЦИА во понеделникот се сретнал со главниот политички лидер на Талибанците во Кабул.

Муџахид рекоа дека животот се враќа во нормала во земјата, но дека хаосот на аеродромот во Кабул е проблем.

Тој посочи дека на авганистанските граѓани повеќе не им е дозволено да одат на аеродром со цел да спречат собирање на толпата и да избегнат безбедносни проблеми.

Дописничката на Гласот на Америка, Ајеша Танзим, исто така твитна за одлуката на Талибанците.

Муџахид ги обвини САД дека одзеле „авганистански експерти“, како инженерите.


„Бараме од нив да го прекинат овој процес“, рече Муџахид на прес -конференција во Кабул.

Многу Авганистанци очајно се обидуваат да ја напуштат земјата каде што Талибанците ја презедоа власта.

Муџахид додаде дека Авганистанците кои масовно се собраа на аеродромот во Кабул може да си одат дома.

„Ние ја гарантираме нивната безбедност“, нагласи тој.

Според него, нема список на луѓе за одмазда.

Но, пресврт само два дена пред изјавата.

 

Авганистанците со валидни документи ќе можат да патуваат надвор од земјата по повлекувањето на американскиот воен контингент од Авганистан, изјавил во Доха, претставник на радикалното талибанско движење во разговор со германскиот амбасадор во Кабул, Маркус Поцен

Директорот Станекзаи (заменик-шеф на политичката канцеларија на движењето во Катар, Шир Мохамад Абас Станекзаи) ме увери дека Авганистанците со легални документи ќе можат да патуваат со комерцијални летови по 31 август“, напиша на Твитер Поцел, кој ја предводи германската делегација во преговорите.

Во исто време, Сухаил Шахин, портпарол на талибанската политичка канцеларија во Доха, на Твитер информира дека навременото заминување на меѓународните трупи од Авганистан ќе биде предуслов за продолжување на цивилните летови.

Летовите за евакуација организирани од војниците на Бундесверот во Кабул се очекува да престанат по повлекувањето на американските војници од Авганистан.