Претпразнично подарете љубов
Започнува период на посакување најдобри желби, здравје, долговечност и благосостојба, период на подароци со кои се искажуваат овие желби. Период кога најмногу помислуваме на семејството и што ни значи тоа, на неговата иднина и безбедност. И во овој период повеќе од кога било ја искажуваме нашата грижа и љубов за најблиските преку купување подароци, ситници, кои треба да ги претставуваат нашите чувства и внимание. Но дали има подобра мисла за најблиските од желбата за извесна и осигурена иднина, особено во неизвесни времиња и дали може да се најде подобар подарок токму од тоа – полиса за животно осигурување што нуди извесност и сигурност.
Со купување полиса за животно осигурување, всушност, дарувате грижа за најблискиот. Полисата за осигурување живот од Кроациа, покрај осигурителна, има и штедна компонента. Така, со редовно плаќање на осигурителната премија се заштедуваат средства, тоа е заштеда стекната преку полисата за животно осигурување на корисникот, оној на кој сте му го купиле овој бесценет подарок може да ги користи за други цели: студирање, основање бизнис или како гаранција, подигање банкарски заем, па дури и за финансиска сигурност во пензионерските денови. Преку осигурување на животот, исто така, може да се стекнат и дополнителни средства, конкретно со Кроинвест пакетот на Кроациа осигурување живот, каде што, според договорот, дел од средствата може да се вложат во одредени инвестициски фондови.
Овие придобивки од животното осигурување за себе и за семејство се далеку посилни и повредни од каков било подарок, односно полисата за животно е исплатлива инвестиција на долг рок. Купувањето полиса за животно осигурување е одлука со која се обезбедува заштита при непредвидливи животни ситуации, финансиска сигурност во иднина - како за осигуреникот така и за членовите на семејството како идни потенцијални корисници на полисата за животно осигурување договорена од осигуреникот. Животното осигурување е еден вид „падобран“ за непредвидливи и ризични животни ситуации. Заради ваквите можности, тоа е начин за создавање финансиска стабилност и благосостојба на семејството во иднина, или врвна форма на грижа.