Пријателите на Фејсбук не држат под стрес
Колку повеќе пријатели имате на социјалната мрежа на Фејсбук, толку е поголема веројатноста дека ќе бидете под стрес, предупредува студија на Универзитетот Непиер во Единбург, Шкотска.
Според научниците таму, голем број на корисниците страдаат од „значителна вознемиреност“. Секој десетти од анкетата покажува дека сајтот го нервира.
Три од десетмина признаваат дека се чувствуваат виновни за одбивање на поканите за пријателство, додека околу 12 проценти не сакаат да ги добијат. Според д-р Кејти Чарлс, раководител на студијата, луѓето со најголем број контакти кои поминуваат значителен дел од своето време за да пребаруваат на десетици страници за информации на Фејсбук, чувствуваат најголеми напори.
„Тоа е како да сте во еден мал канал за вести посветен на вас сами. Колку побројни се твоите пријатели, толку повеќе публиката сметаш дека те набљудува“, објаснува д-р Чарлс. Сепак, луѓето не сакаат да се повлечат од Фејсбук бидејќи се убедени дека ќе бидат лишени од некои клучни придобивки во виртуелната комуникација.