Принцезата Дајана во друштво на бугарскиот принц Кирил: Што се крие зад овие ретки фотографии?
Фотографија: Herman Knippertz/AP
На фотографиите, Лејди Ди носи костим за капење и е на јахта крај брегот на Италија.
Принцезата Дајана почина трагично пред две децении, но сепак останува една од најдискутираните и најмистериозните фигури во светскиот печат.
Во чест на серијата „Круната“ која раскажува за животот на британската монархија, близок пријател на покојната принцеза, Џанкарло Џамети на својот Инстаграм објави неколку фотографии кои досега не беа видени во јавноста.
Една од фотографиите е направена во 1990 година, додека принцезата Дајана одмара на јахта крај бреговите на Италија.
На неа Дајана позира со бугарскиот принц Кирил од Саксобурготски-Гота и дизајнерот Валентино Гаравани (кој е сопственик на луксузната јахта) во позадина е малиот остров Стромболи, во близина на Сицилија.
На фотографијата Лејди Ди, позира во светло бикини со апстрактни дезени и кошула врзана во јазол кај градите.
На друга фотографија, која ја сподели и коосновачот на модната куќа Валентино, Дајана беше фотографирана на еден од официјалните приеми на кои присуствуваше.
Во кадарот, принцезата, облечена во елегантна бела јакна и небесно сино здолниште, со насмевка ги поздравува Џанкарло Џамети и Валентино Гаравани.
„Два моменти од моето пријателство со принцезата Дајана“, напиша Џанкарло за досега необјавените архивски фотографии од Лејди Ди.
извор и фото: jenata.blitz.bg