Принцовите Хари и Вилијам заедно, сопругите со метри оддалечени: Не сакаа ни да се погледнат

И покрај напнатоста меѓу принцот Вилијам и принцот Хари, браќата одеа рамо до рамо за да го одбележат Memorial Day , кој се слави секоја година за да се одбележат жртвите од Првата светска војна. Веќе не е тајна дека двајцата не се во добри односи, а фановите на кралското семејство сметаат дека за тоа најзаслужни се токму нивните сопруги.

Откако со недели пишуваа за лошата врска помеѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл, светските медиуми дури и не се ни мачеа да ја сокријат нивната нетрпеливост.

На настанот, беа Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и Војвотката од Сасекс Меган Маркл, кои решија да бидат далеку и не беа фотографирани или видени заедно, што не беше случај кога се појавуваа семејство. Браќата принцови едно време беа заедно поради потоколот, но потоа се разделија и не беа видени како порано кога не се раздвојуваа.

Кејт Мидлтон седеше на балконот на Канцеларијата на Комонвелтот , во придружба на кралицата Елизабета Втора и Камила, сопругата на принцот Чарлс, додека Меган седеше на вториот балкон со (во хиерархијата на малку пониски членови на кралското семејство) Софи, сопруга на синот на кралицата, Едвард и грофицата Весекс и Тим Лоренс, тетинот на Хари.