Пристигна првиот електричен Mustang Mach-E во Македонија

Во Македонија пристигна првиот Ford комплетно електричен спортски автомобил со високи перформанси во историјата, Mustang Mach-E. Моделот, кој дебитираше пред неколку години, веќе се нуди за директна продажба во Ford салонот на Ми-да Гранд Моторс во Скопје.

На официјалната презентација пред македонската јавност, присутните се запознаа со овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили.

Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компакт – кросовер - SUV кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење. Полнењето може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW, беше потенцирано на презентацијата.

Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang модел кој се нарекувал Mach-1. Симболично сега беше презентиран првиот електричен Mach-E.

„Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно  електрични модели. Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

Присутните во автомобилскиот центар на бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 се уверија во големиот број Fordдостапни модели, за кој од компанијата истакнуваат дека во следниот период ќе може да се купат по промотивни цени.


*ПР објава